
Мојата работа започнува со разбирање на вашиот случај. Потоа ги добивате можните решенија, објаснети јасно и без непотребна терминологија, и постапката се води до крај.
Практиката е насочена претежно кон друштвата: основање и престанок, деловно и трговско право, договорни односи, наплата на побарувања и работни односи. Застапувам и странски државјани при регулирање работна дозвола и престој во Македонија.
Секој предмет е различен, па и решението е различно. Пред да започнеме добивате проценка на тоа што реално може да се постигне, колку трае постапката и колку изнесуваат трошоците.
Основање и статусни промени на друштва, договорни односи, наплата на побарувања, работни спорови и регулирање престој на странци. Добивате јасна проценка на предметот и конкретни чекори.
Основање на ДОО, ДООЕЛ и подружница на странско друштво во Скопје. Подготовка на целосната документација и упис во Централен регистар. Спроведувам и промени на управител, седиште и дејност, како и престанок на друштво преку ликвидација и бришење од регистарот.
Односи меѓу содружници, одлуки на органите на управување, статусни промени, спојување и поделба на друштва, трговски спорови. Континуирана правна поддршка за друштва во сите фази од работењето.
Изготвување и правен преглед на договори со клиенти, добавувачи и партнери. Договор за основање, содружнички договор, договор за деловна соработка, договор за доверливост. Пред потпишување добивате јасно објаснување на обврските што ги преземате.
Работна дозвола, привремен и постојан престој, пријава на адреса и продолжување на веќе издадени дозволи. Застапувам странски државјани што живеат и работат во Македонија, како и компании што вработуваат странци. Постапката пред надлежните институции ја водам во ваше име.
Опомена пред тужба, предлог за извршување врз основа на веродостојна исправа и тужба кога долгот се оспорува. Постапката се покренува навреме, пред да истечат роковите и пред должникот да ја намали својата солвентност.
Ја изнесувате состојбата на предметот. Добивате оцена дали е потребно правно дејствие и од каков вид.
Обем на работа, потребна документација, рокови и трошоци, утврдени пред започнување.
Постапката ја водам јас. Добивате известување за секое преземено дејство.
По завршување на постапката остануваат прашања од тековното работење. Правната поддршка продолжува и потоа.
За прашање што не е опфатено овде, јавете се на 070 316 299.
Со комплетна документација, уписот во Централен регистар обично се решава во рок од неколку работни дена. Најголем дел од времето одзема подготовката на документите, па роковите зависат од тоа колку брзо ги добивам потребните податоци.
ДООЕЛ се основа од еден основач, ДОО од двајца или повеќе. Кај повеќе основачи, договорот за основање е клучниот документ: со него се уредуваат влоговите, начинот на одлучување и постапката во случај на излез на содружник. Тие прашања се решаваат при основањето, а не откако ќе настане спор.
За домашно физичко лице обично е потребна важечка лична карта или пасош, две до три предлог имиња за друштвото, опис на дејноста и адреса на седиште. За странски државјанин или странско друштво документацијата е поинаква и се утврдува според конкретниот случај.
Зависи од правната форма, бројот на основачи и сложеноста на договорот за основање. Таксите на Централен регистар се одделни од адвокатскиот надоместок. Конкретна пресметка добивате пред започнување на постапката.