ул. Крсте Мисирков 9, влез 1, кат 1, стан 10, Скопје
070 316 299
MK EN SQ TR

Отворање фирма во Македонија, целосно, без да губите ден

ДОО, ДООЕЛ или подружница на странско друштво. Ја подготвувам целосната документација и го спроведувам уписот во Централен регистар.

Абдусамед Шабани, адвокат во Скопје
Имам регистрирано над 30 фирми во претходните 2 години.
Адвокат Абдусамед Шабани во својата адвокатска канцеларија во Скопје

Правна поддршка со јасен пристап и лична посветеност.

Мојата работа започнува со разбирање на вашиот случај. Потоа ги добивате можните решенија, објаснети јасно и без непотребна терминологија, и постапката се води до крај.

Практиката е насочена претежно кон друштвата: основање и престанок, деловно и трговско право, договорни односи, наплата на побарувања и работни односи. Застапувам и странски државјани при регулирање работна дозвола и престој во Македонија.

Секој предмет е различен, па и решението е различно. Пред да започнеме добивате проценка на тоа што реално може да се постигне, колку трае постапката и колку изнесуваат трошоците.

Од првичната консултација до завршување на постапката.

За прашање во врска со конкретен предмет, јавете се на 070 316 299 или пишете ми. Постапувам во Скопје и на територијата на целата држава.

Правни услуги за вас и вашиот бизнис.

Основање и статусни промени на друштва, договорни односи, наплата на побарувања, работни спорови и регулирање престој на странци. Добивате јасна проценка на предметот и конкретни чекори.

Отворање и затворање фирми

Основање на ДОО, ДООЕЛ и подружница на странско друштво во Скопје. Подготовка на целосната документација и упис во Централен регистар. Спроведувам и промени на управител, седиште и дејност, како и престанок на друштво преку ликвидација и бришење од регистарот.

Деловно и трговско право

Односи меѓу содружници, одлуки на органите на управување, статусни промени, спојување и поделба на друштва, трговски спорови. Континуирана правна поддршка за друштва во сите фази од работењето.

Договори и корпоративна поддршка

Изготвување и правен преглед на договори со клиенти, добавувачи и партнери. Договор за основање, содружнички договор, договор за деловна соработка, договор за доверливост. Пред потпишување добивате јасно објаснување на обврските што ги преземате.

Дозволи за странци и престој

Работна дозвола, привремен и постојан престој, пријава на адреса и продолжување на веќе издадени дозволи. Застапувам странски државјани што живеат и работат во Македонија, како и компании што вработуваат странци. Постапката пред надлежните институции ја водам во ваше име.

Наплата на побарувања

Опомена пред тужба, предлог за извршување врз основа на веродостојна исправа и тужба кога долгот се оспорува. Постапката се покренува навреме, пред да истечат роковите и пред должникот да ја намали својата солвентност.

Работно право

Договори за вработување, интерни правилници, дисциплински постапки, откази и спорови пред суд. Застапувам и работодавачи и вработени.

Како работиме

01

Разговор

Ја изнесувате состојбата на предметот. Добивате оцена дали е потребно правно дејствие и од каков вид.

02

Јасна понуда

Обем на работа, потребна документација, рокови и трошоци, утврдени пред започнување.

03

Работа

Постапката ја водам јас. Добивате известување за секое преземено дејство.

04

Разговор

По завршување на постапката остануваат прашања од тековното работење. Правната поддршка продолжува и потоа.

Она што најчесто ме прашуваат

За прашање што не е опфатено овде, јавете се на 070 316 299.

Колку време е потребно да се отвори фирма?

Со комплетна документација, уписот во Централен регистар обично се решава во рок од неколку работни дена. Најголем дел од времето одзема подготовката на документите, па роковите зависат од тоа колку брзо ги добивам потребните податоци.

Што да изберам, ДОО или ДООЕЛ?

ДООЕЛ се основа од еден основач, ДОО од двајца или повеќе. Кај повеќе основачи, договорот за основање е клучниот документ: со него се уредуваат влоговите, начинот на одлучување и постапката во случај на излез на содружник. Тие прашања се решаваат при основањето, а не откако ќе настане спор.

Што ми треба од документи за да почнеме?

За домашно физичко лице обично е потребна важечка лична карта или пасош, две до три предлог имиња за друштвото, опис на дејноста и адреса на седиште. За странски државјанин или странско друштво документацијата е поинаква и се утврдува според конкретниот случај.

Колку чини отворање фирма?

Зависи од правната форма, бројот на основачи и сложеноста на договорот за основање. Таксите на Централен регистар се одделни од адвокатскиот надоместок. Конкретна пресметка добивате пред започнување на постапката.

Разговорот е бесплатен и без обврска

Канцеларија
ул. Крсте Мисирков 9, влез 1, кат 1, стан 10, Скопје
Работно време
Понеделник – Петок: 09:00 – 17:00
Локација на канцеларијата: ул. Крсте Мисирков 9, влез 1, кат 1, стан 10, Скопје
Сите податоци се третираат како доверливи.
Ви благодариме! Вашиот формулар е успешно испратен.
Настана грешка при испраќањето на формуларот.